Што содржи QR кодот на македонските фискални сметки?
Скенираш сметка, УЈП после Х време ти враќа дел од данокот. Како функционира? Пробав да откријам.
Првата претпоставка ми беше дека во самиот QR код се содржат информации за сметката, колку пари е, можеби кои производи ги содржи и тн.
Пробав да изгуглам QR код кој има ваков облик, квадрат со 4 региони, ама не најдов. Испадна дека не е QR код, туку DataMatrix тип на 2д баркод. https://en.wikipedia.org/wiki/Data_Matrix
На интернет секако има декодери, па успеав да декодирам една сметка.