Skip to content

Instantly share code, notes, and snippets.

@whoeverest
Last active December 12, 2022 12:21
Show Gist options
  • Save whoeverest/534131f062387174cb6d94c285a6aa88 to your computer and use it in GitHub Desktop.
Save whoeverest/534131f062387174cb6d94c285a6aa88 to your computer and use it in GitHub Desktop.
Џанакот - Гане Тодоровски, probably.
Еднаш среде градинка една, покрај стари другари седнат,
дури в градинкава темна со ладното водев спор,
така напашкан тонев в скука, само чекав да ме спука,
зачув некој имал мука со ганџава надвор.
“Некој почетник – реков – има мука”
Тоа сал и ниту збор.
Ах, си спомнам, многу јасно: в декемвриска вечер касна,
жарта од џоклата што згасна и го напуни мојот дроб.
Жедно благото го пекав; од дилерот штуро чекав
грас за болот што ме штрека, бол по еден редок збор,
збор трева, зелена мома, тој ангелски убав створ,
таа вечна неизгор.
А другарка ми кобила, в дупка од алфи што се скрила,
мал кец во патика скрила. На алфи се чини створ!
Па срцето дури бие, јас го молам да се свие:
“Некој гост се крие пред градинкава однадвор –
доцен гост што се крие пред градинкава однадвор” –
Тоа сал и ниту збор!
В земја грасот јас го вденав, мигум својот фас го стегнав:
“Шо бараш братче тука, простете е мојот збор;
врз плуќава димот стежна, а вие в ноќва мрежна,
удривте со палка нежна по оградава однадвор” –
тоа реков и гледав, жими чесен џаначки збор –
А од алфи ниту збор!
Длабоко во мракот страшен долго стоев напашен, вџашен,
трипајки трип незнаен ни на еден џанак спор;
Грасот тивко ќе се влече, мирнотијата в ноќва тече,
збор единствен што се рече беше алфа, шепнат збор...
зборот алфа, што низ ехо се врати однадвор.
Тоа сал и ниту збор.
В градинката штом се вратив назад, сетив: морници ме лазат,
зачув некој пак лупна со палка, со удар тап и спор.
Па си реков: “Дај ќе идам до оградата, да видам,
треба сигурен да бидам таен ли е некој створ! -
Да се смирам сал за малку од тропнежот однадвор” –
Преку ограда фрлен “Развигор”
Шипките штом ги турнав, покрајмене нешто јурна,
низ дупката на оградата се втурна, Џанак горд до темен взор.
Ни ја климне глава само, ни да запре в таа штама,
но со лик на напашкан џанак што дошол однадвор,
врз скаличките пред вратата си седна,
седна и ни збор!
И со таа појава света, што пред малку тука слета
искривена во фацата сета, почнав чуден разговор:
“Ганаџа си испушил ти кеси, сепак плашлив џанак ти не си,
грозно, напашкано детиште си, две улици понатаму е твојот двор –
од кај те знам брате, да не пееше во хор?
Тој се издра: “Ја сум хардкор!”
Станав плен на почудица, кога тој грд Џанак
го чув како зборна в мракот сосем јасен одговор!
Никој смрден жив створ вака, среде градинкава во мрака,
не чул џанак да му грака и да му пружа рака со огнен гор –
џанак или таен алфаш да му дава огнен гор
со збор еден: “Пашни мор!”
Џанакот, штом седна таму, еден збор тој гракна,
божем може тој збор да се нарече разговор.
Друго ништо да ми каже, ни да пашне на бетонов влажен,
дур не сронив мрмор тажен: “Напашкан сум долго створ.
И ти како мојата надеж исчезнат ќе бидеш створ!”
Тој сал гракна: “Пашни мор!”
Изненаден, мигнум трепнав, од советот негов сепнат,
“Сомневање нема”, шепнав, “Се е тоа празен збор”.
Од несреќен џанак сметен, кого пропаст го сплете
и го следи уште, ете, до плуќата преумор,
џаначки песни пеев без надеж
за смешново “Пашни мор!”
Но Џанакот грас штом срони, макар влажен, в смев ме гони,
па на скалите седнав сонлив со развлечен осмех, спор;
Врз ризлите глава веднам, но ми тежи мисла една,
мисла тажна, мисла бледна: “Кој е овој Џанак, спор?
Овој кобен страшен Џанак што на грасов смрди –
смрди како твор!
В плен на вакви мисли седев, до Џанакот ролањето го следев,
без да речам ниту еден, дури ниту еден збор;
В плен на такви мисли вивнат, понабргу да пашнам здив бар,
да се опуштам со грас до взор,
дали пак ќе дојде овој Џанак спор,
пак да седне, или “Nevermore?”
Одненадеж ми се чини, мирис воздухот прими
божем сто џокли запали џанаков, трева беспрекор;
“Џанаку”, реков тогај, “Ти дар си ми од Бога,
по ангели ми пратил дрога,
трева ум што мати, добра трева а да не се плати!” -
а тој напушено се клати и вели –
да неизгор!
“Џанаку!”, му реков право, “наркоман си или цајкан!”
Сѐ едно е кој те пратил! Дојде мака да ми скратиш, добар си ти створ!
Не си злобен, за мене грасов е кобен, ама дај ми,
те молам дај ми искрен одговор:
Кажи дали другарче некое ти среди
да се напраиме вакви бледи?”
А тој молк и ниту збор!
“Џанаку!”, му реков право, “наркоман си или цајкан!”
Те колнам во тој грас што ти средил и средува на секој створ,
речи и на мојва душа, која димови ја гушат,
дали повторно ќе пушам грас од ваков створ!
Дали пак пак оган ќе пламне од џоклата со ваков гор!
Низ дим тој гракна: “Nevermore!”
Нека биде тој збор сега разделбен, не е шега,
а ти Џанаку или алфаш, бегај, бегај во твојот двор!
Не оставај, нејќам грас! Не оставај ниту фас,
доста ми е од твоите лаги, ова нека остане меѓу нас!
Од плуќава извади го димот од најубавиот што сум го пушел грас!
Тој само рече: “Nevermore!”
Џанакот ни да претне, ниту за миг да летне
од скалите во градинката, како кобник со Џ во раката бдее,
молчи, со црвени од грас очи, и врз подот сенка дрочи,
без да гракне ниту збор.
И врз таа сенка темна, плуќава знам, веќе нема да се крене.
“Nevermore”
Sign up for free to join this conversation on GitHub. Already have an account? Sign in to comment