Се однесува на сите физички лица кои остваруваат месечни приходи со непостојана работа, преку интернет, во странство или во Македонија.
Плаќањето на данок е задолжително за сите физички лица, според член 33 од Уставот на РМ.
- Ако месечно заработуваш повеќе од 8050 денари (минималната плата), должен си да платиш 10% персонален данок
- Персоналниот данок се пријавува 15 дена откако ќе ги добиеш парите на сметка
- За да пријавиш персонален данок потребни ти се:
- Испечатена и пополнета пријава од УЈП
- Испечатен извод од банка во кој се појавува сумата на пари (за девизи треба извод од девизната сметка)
- На крајот на секоја година треба да ги пријавиш сите примања во годишна пријава, без разлика што веќе си ги пријавувал одделно во текот на годината.
Казната за неподнесување на пријава е меѓу 500 и 1000 евра.
Казната за неподнесување на годишна пријава е, исто така, меѓу 500 и 1000 евра.
Покрај персонален данок, почнувајќи од 01.01.2015, секое физичко лице кое остварило месечен приход над 8050 денари е должно да плати придонеси за а) здравствено осигурување и б) пензиско и инвалидско осигурување.
Во Република Македонија, сите граѓани кои остваруваат профит [citation needed] задолжително плаќаат здравствено осигурување, а го користат само оние кои имаат потреба.
Идејата на ваквото осигурување е да се ублажат трошоците за прегледи, лекови и операции на луѓето на кои им се потребни, а во моментот можеби немаат доволно пари за истите. Од друга страна, ова значи дека треба да плаќаат и граѓаните на кои во моментот не им е потребна медицинска помош.
- Придонесот за здравствено осигурување изнесува 7.3% од месечниот приход
- За да се пријавиш за здравствено осигурување, потребни ти се:
- ЗО-1 образец
- Решение од ПИОМ за утврдување на својство на осигурено лице (како се доаѓа до ова?)
- Осигурените лица учествуваат со лични средства при користење на здравствени услуги и лекови, но најмногу до 20% од просечниот износ на вкупните трошоци на здравствената услуга. Тоа значи дека ако лекот чини 1000 денари, за него ќе треба да платиш најмногу 200 денари.
Твоите права ако си осигурен (линк):
- Примарна здравствена заштита
- Специјалистичко консултативна здравствена заштита
- Биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО)
- Болничка здравствена заштита
- Медицинска рехабилитација
- Протези и други ортопедски помагала
- Користење на здравствени услуги во странство
- Парични надоместоци
- Надомест на трошоци за лекови од листата на лекови
- Надомест на средства за вградени стандардни материјали
- Ослободување од учество во трошоци на здравствени услуги во специјалистичко - консултативна и болничка здравствена заштита
...